ЕУРО 2020Фудбал

Кристијано Роналдо најдобар играч во групната фаза на Европското првенство

Кристијано Роналдо според официјалните податоци на „FedEx“ за Европското првенство е најдобриот фудбалер во групната фаза на турнирот.

„FedEx“ е официјален партнер на УЕФА и ги проценува играчите врз основа на перформансите на теренот користејќи посебен алгоритам кој ги зема предвид клучните статистички податоци за секоја позиција на теренот.

Бројот на успешни преземени топки, натпреварите без примени голови и освоените дуели се некои од клучните параметри кога станува збор за дефанзивците, додека головите, асистенциите, пресретнувањата, точните додавања се клучни за средниот ред и за напаѓачите.

Роналдо е прв со 86.579 поени, а го следат Германецот Робин Госенс ​​(61.937), Холанѓанецот Џоргино Вијналдум (57.773) и Мемфис Депај (57.766) и Чехот Патрик Шик (55.827)

Во првите десет место има и за Хрватот Лука Модриќ (55.771), Унгарецот Адам Салаи (53.923), Италијанецот Мануел Локатели (52.593) и Австријците Давид Алаба (50.688) и Штефан Лаинер (49.458).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!