ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кристијан Костовски е најново засилување за Охрид Лихнидос

Второлигашот Охрид Лихнидос го промовираше Кристијан Костовски како најново засилување за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

26-годишниот Костовски игра во делот од нападот и ќе биде големо засилување за охриѓани. Тој во Охрид доаѓа од Беса каде беше само еден месец, а има настапувано за Вардар Македонија Ѓорче Петров, Тиквеш и кратовски Силекс.

По три одиграни кола во Втората лига, Охрид има скор од една победа, еден пораз и едно реми, со вкупно 4 освоени бодови е на делба на осмото место на табелата.

В сабота охриѓани ги очекува тешко и незгодно гостување во Чегране кај новиот второлигаш Арсими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!