Кравари со убедлива победа над Македонија Враништа, Дебарца со триумф над Октиси

Кравари одигра одличен натпревар и на домашен терен со 6:2 дојде до триумф над Македонија од Враништа, во меч од 9. коло од Третата лига – Југозапад. Домаќините ја имаа фаворитската улога која ја оправдаа и дојдоа до шеста сезонска радост.
Дебарца со 3:1 славеше над Октиси Спорт и ја запиша третата сезонска победа. Домаќините во првиот дел постигнаа два погодоци, додека во вториот го зголемија водството на 3:0 со гол постигнат во 61. минута. Десет минути подоцна Октиси намали на конечните 3:1.
Преспа на домашен терен дојде од петата сезонска победа, откако со минимални 1:0 славеше над фаворитот Црно Буки. Домаќините во самиот финиш дојдоа до победа, откако Јовановски Никола ја погоди противничката мрежа во 80. минута од натпреварот.
Лирија со реми и голем бод на домашен терен против фаворитот Влазними, во меч кој заврши со резутат 2:2. Гостите во два наврати доаѓаа до водство, но, одличната игра на домаќините им донесе голем бод.
Фламуртари не ја оправда фаворитската улога, откако ремизираше на гостувањето кај Белица играјќи 1:1.
Стрела на домашен терен загуби од екипата на Сатеска од Волино со резултат од 2:3.
Вчера беа одиграни два натпревари. Големата дерби-пресметка меѓу Караорман и Воска од Охрид на теренот во Струга заврши со резултат 0:0, додека Новаци со 9:1 ја торпедираше Победа од Ивањевци.
Лидер и понатаму е Воска Спорт со 23 бодови, еден помалку има второпласираниот Караорман, додека на третото место е Новаци со 19 бодови. На долниот дел од табелата е Стрела со 4 освоени бодови.