Кравари славеше во Ресен, Влазними и Сатеска го поделија „пленот“

Денес беше комплетирано 10. коло од Трета лига – Југозапад со два натпревари. Колото беше отворено вчера со победата на Новаци од 4:0 над Иднина Боровец.
Денес Кравари стигна до триумф од 1:2 над Преспа среде Ресен во финишот од мечот. Мартин Андоновски уште во 2. минута ја отвори Преспа, а пак Нико Пластиновски во 17. минута израмни на 1:1.
Во 81. минута од мечот Филип Думбаловски се најде на вистинското место и постигна гол за конечни 1:2 и три бода за Кравари.
Влазними и Сатеска од Волино го поделија „пленот“ играјќи 2:2. За домашниот тим двоен стрелец беше Ермонд Арслани, а пак за гостите погодија Иван Стрезовски и Даниел Цветаноски.
Откако Македонија Враништа се откажа од натпреварувањето, ланскиот второлигаш Кораб од Дебар си доби службени три бода.
Лирија и Јанг Тим го поделија „пленот“ во Грнчари, откако одиграа 2:2.