Кравари на дерби со Црно Буки, Октиси против Македонија Враништа

Во недела се играат натпреварите од 15. коло од Третата лига – Југозапад.
Кравари на домашен терен ќе игра дерби против одличниот Црно Буки. Екипата на Кравари на последните три натпревари нема победа, па во недела ќе се обиде да ја запише осмата сезонска победа и со тоа да се врати во првите пет на табелата. Црно Буки продолжува со одлични игри и го напаѓа врвот, а во недела според формата ќе биде благ фаворит.
Лирија на домашен терен ќе има тешка задача со фаворитот Караорман кој мора на победа доколку сака да остане да остане во чекор со лидерот Воска од Охрид.
„Фенерџијата“ Стрела на домашен терен ќе има тежок натпревар со фаворитот Новаци, додека Дебарца ќе биде домаќин на Преспа.
Белица ќе игра дерби со Победа од Ивањевци за три бодови и излез од опасната зона. Двете екипи водат голема борба за опстанок, па во недела ќе гледаме неизвесен натпревар.
Октиси ќе биде домаќин на Македонија од Враништа. Императивот за победа и трите бодови е голем и кај двете екипи.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Сатеска во Волино ќе ја пречека екипата на Влазними. Формата го фаворитиза гостино, но Сатеска ќе се обиде на домашен терен да ја запише седмата победа, а тоа може да донесе скок од едно место на табелата.
Лидерот Воска ќе биде слободна и добива службени три бодови од натпреварот со дисквалификуваниот Фламуртари.
Сите натпревари ќе започнат во 14:30 часот.