ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кравари го шокираше Новаци, Преспа со голема победа над Македонија Враништа, по три бода за Сатеска и Демир Хисар

Сатеска на домашен терен со убедливи 4:1 ја доби Лирија од Грнчари. Домашните фудбалери на полувреме имаа водство од 1:0 со голот на Димитар Скепароски уште во 6. минута од мечот. Во вториот дел Боге Бимбилоски беше двоен стрелец за Сатеска, е ден гол беше дело на Даниел Митрески. За гостите единствен стрелец беше Јонус Рустеми.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Кравари приреди го шокираше Новаци на гостински терен со сигурни 0:2. Стефан Стефановски погоди пред крајот на првиот дел за водство на гостите од 0:1 на полувреме. Во вториот дел точка на мечот стави Темур Емини кој погоди за конечни 0:2.

Преспа на Градскиот стадион во Ресен со 4:3 триумфираше над Македонија Враништа во дербито на 20. коло во Третата фудбалска лига – Југозапад. На стартот од мечот паднаа четири погодоци. Домаќинот во 3. минута дојде до водство од 1:0 со гол на Христијан Петрески, а веднаш Методија Милевски погоди за 1:1. Во 7. минута Денис Димитриоски повторно го врати водството за Преспа од 2:1, а во 12. минута Милевски со втор гол израмни на 2:2. Пред крајот на приот дел Нико Пластиновски погоди за 3:2 на полувреме.

Во вториот дел Александар Затуроски по трет пат израмни (3:3), а во финишот на мечот Димитроски со втор гол ги постави конечните 4:3 за голема радост на домашниот тим.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Демир Хисар на домашен терес со 2:0 дојде до победа над Влазними, а херој за домашниот состав беше голгетерот Стефан Каревски кој беше двоен стрелец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!