Европски ФудбалФудбал

Крај на една ера ? Пеп Гвардиола заминува од Европа по истекот на договорот со Сити

Познатиот стручњак Пеп Гвардиола би можел да ја напушти Европа по истекот на договорот со Манчестер Сити.

Според странските медиуми, познатиот шпански стручњак во летото 2023 година би го презел Њујорк Сити, кој има ист сопственик како Манчестер Сити.

Ова би било голема загуба за Европа, но и голема добивка за Америка и тамошната МЛС.

Да потсетиме, 50-годишниот стручњак пристигна на клупата на Сити во летото 2016 година од Баерн, а претходно со голем успех ја водеше Барселона.

Со Манчестер Сити трипати го освои англискиот шампионат, еднаш го освои ФА Купот, четири пати Лига купот и двапати Комјунити Шилд. Главниот предизвик, Лигата на шампионите, му останува само сон, а најблиску до тој трофеј беше годинава кога неговиот тим во финалето беше поразен од Челси.

На „граѓаните“ и оваа сезона им оди добро. Тие се на второто место во Премиер лигата со 32 бода, само бод помалку од водечкиот Челзи. Исто така, на едно коло пред крајот обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!