ФудбалФудбал - Четврта Лига
Кожувчанка со донација, ќе се реновираат соблекувалните на теренот во Возарци

Компанијата Кожувчанка како општествено одговорна компанија, продолжува да донира во спортот и подобрувањето на условите за младите спортисти. Започнува комплетно реновирање на соблекувалните на теренот во село Возарци со што фудбалскиот клуб Возарци ДМД добива подобри услови.

Инаку Возарци ДМД е формиран пред четири месеци и клубот започна со натпреварување во Општинската фудбалска лига во Кавадарци. Четвртолигашот за тековната сезона има за цел да обезбеди влез во Третата лига – Југ.