ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кожуф жестоко реагира за ваучерот: Како претходната година имавме 2.400.000 денари, а сега само 950.000 ?!

Се повеќе и повеќе фудбалски клубови јавно реагираат за доделувањето на ваучери – последен во низата е второлгашот Кожуф од Гевгелија.

Клубот е бесен за доделувањето на ваучерот, а клубот преку соопштение јавно прашува како претходната година имале ваучер од 2.400.000 денари, а сега истиот ваучер изнесува само 950.000 денари.

  • Целосното соопштение на ФК Кожуф:

„Почитувани господа од Агенцијата за млади и спорт, Изреволтирани од доделената сума на ваучерот за Фудбалскиот Клуб Кожуф, јавно бараме да се каже, по кои ставки и критериуми се доделени ваучерите и како се бодуваат?? Клуб, кој со години е во втората лига, клуб кој што располага со младински категории, комплетен стручен штаб со сите лиценци, доктори, физиотерапевти и клуб кој оваа година ќе ја слави својата 100-годишнина од своето постоење. Оваа година доби ваучер од 950.000 денари, за разлика од претходната, каде што сумата изнесуваше 2 400.000 денари, иако бодирањето беше исто. Клубови што се послабо рангирани имаат добиено поголема сума на пари. Се надеваме на поддршка од сите оштетени клубови и ревизија на срамните одлуки на АМС. Со почит, ФК КОЖУФ Гевгелија.“

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!