ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кожуф се засили со искусниот Кудијан, промовирани уште четири нови засилувања

Второлигашот Кожуф од Гевгелија промовираше пет нови засилувања за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.

Нови имиња во Кожуф се Андреј Кудијан, Давид Ристовски, Филип Манасиевски, Енис Бучи и Кристијан Ѓорѓиевски.

24-годишниот Кудијан го засилува нападот на Кожуф, а во Гевгелија доаѓа од редовите на Гостивар, во својата кариера има настапувано и за Брегалница, Плачковица, Скопје, Борец, Еуромилк ГЛ и Работнички од каде и потекнува.

Манасиевски кој има 21 година доаѓа од Борец, игра на позицијата штопер и десен бек, а во својата кариера има настапувано и за Осогово и Вардар од каде и потекнува.

20-годишниот Ристовски во Гевгелија доаѓа од редовите на Кадино, а потекнува од школата на Вардар, а игра во средниот ред.

18-годишниот Бучи доаѓа од екипата на Македонија ЃП, играна позицијата десен штопер, а исто така, е стандарден младински репрезентативец У-19.

Голманот Ѓорѓиевски кој има 18 години доаѓа од екипата на Брегалница.

Кожуф денес ја отвара новата сезона од Втората лига на домашен терен против битолски Пелистер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!