ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кожуф го промовираше тренерот Ѓоре Јовановски, целта е стабилен второлигаш

Второлигашот Кожуф од Гевгелија денес го промовираше најтрофејниот тренер Ѓоре Јовановски за нов Шеф на стручниот штаб за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.

Целите на Кожуф е да се биде стабилен второлигаш, главно потпирајќи се на сопствениот играчки кадар. Од новата сезона гевгелискиот второлигаш ќе стави посебен акцент на младите кадри, кои би требало да донесат нова свежина во тимот.

„Гевгелија е била и ќе биде расадник на млади таленти. Огромна чест и задоволство ни претставува што во нашите редови , ќе го имаме најтрофејниот тренер Ѓоре Јовановски. Само со желба и дисциплина ќе се дојде до успех. Во оваа прилика , се заблагодаруваме на тренерот Васе Беќаров кој несебично се залагаше за клубот и во иднина му посакуваме само успеси“, велат од клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!