Европски ФудбалФудбал

Ковач во Монако донесе голман од Баерн Минхен

Германскиот фудбалски голман Александар Нубел (24) го напушти Баерн и следните две сезони ќе ги мине на позајмица во редовите на Монако, предводен од хрватскиот стручњак Нико Ковач.

Нубел дојде во германскиот шампион од Шалке минатото лето, но како замена за првиот голман Мануел Нојер, тој не доби многу можности за игра. Во текот на целата сезона, тој имаше еден настап во Бундеслигата, еден во Купот и два во Лигата на шампионите.

Управата на клубот затоа во договор со него одлучи да го испрати во Монако, каде треба да добие повеќе можности за игра под водство на поранешниот тренер на Баерн, Нико Ковач.

Баерн објави дека втор голман на тимот следната сезона ќе биде 32-годишниот Свен Улрајх, кој се врати во Минхен по едногодишниот настап за Хамбург.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!