Котевски: Тешко гостување во Ресен, мораме да победиме за да останиме во чекор за прво место и Втора лига!

Утре се игра дербито меѓу Преспа и Новаци во Ресен, во меч од вонредното 10. коло од Третата лига – Југозапад. Домаќините се влезени во победнички ритам што ги мотивира за утрешниот меч против Новаци да дојдат до шестата сезонска победа. Новаци има подобра форма и во моментот е на третото место со 19 бодови, а на утрешниот натпревар екипата ќе атакува на победа со цел да остане во чекор за првото место. Во изјава за Спортска Мрежа, капитенот на Новаци, Марјан Котевски вели дека ги очекува тежок натпревар во Ресен, каде е потребно да се одигра без грешка и да се искористи секоја шанса со цел да се дојде до посакуваната победа и трите бодови.
„Не очекува тешко гостување во Ресен, домаќинот Преспа има фатено победнички ритам и таму секогаш тешко се земаат бодови. Ние сме максимално подготвени за овој натпревар и мораме да издвојуваме победа ако сакаме да останиме во чекор со конкурентите за Втора лига. Едноставно мора да изиграме без грешка и да се искористи секоја најмала шанса“, ни изјави капитенот Котевски.
Главен судија ќе биде Бафто Фатмир од Охрид, а ќе му помагаат Бакрачески Разме и Мојсоски Марио од Струга. Мечот ќе започне во 13:00 часот и ќе се игра на Градскиот стадион во Ресен.