ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Костов: Мисијата е успешна, опстанокот е обезбеден!

Тиквеш денес го обезбеди опстанокот во Првата македонска фудбалска лига, откако во Струмица со убедливи 4:1 триумфираше над Воска Спорт од Охрид.

Тренерот на кавадаречкиот прволигаш, Влатко Костов по завршувањето на мечот вели дека мисијата е успешна, опстанокот е обезбеден, при што упати благодарност до фудбалерите, стручниот штаб, градоначалникот Митко Јанчев, раководството на клубот и навивачката група „Лозари“.

„Мисијата е успешна, опстанокот е обезбеден. Победа од 4:1 во бараж-дуелот против тимот на ФК Воска со која ГФК Тиквеш и наредната сезона ќе игра прволигашки фудбал. Огромна благодарност до моите фудбалери, мојот стручен штаб, градоначалникот Митко Јанчев, раководството на клубот, навивачката група „Лозари“ и сите останати што нè поддржуваа оваа сезона. Радувај се, Кавадарци“, рече Костов по завршувањето на бараж-натпреварот во Струмица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!