ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Костенчев на центарот во Кочани, Величков ќе им суди на Плачковица и Победа

Делегирани судиите за 24. коло од Втората лига – Исток. Благојче Ралевски од Битола ќе ја дели правдата во Пехчево меѓу Кит Го и Каменица Саса, додека Марјан Стојановски од Кичево ќе биде делител на правдата меѓу Кожуф и Тиквеш во Гевгелија.

Никола Костенчев од Скопје ќе го суди дуелот меѓу Осогово и Брегалница кој се игра на Градскиот стадион во Кочани. Влатко Илиоски од Прилеп ќе биде главен судија меѓу Росоман и Слога, а дербито од дното за опстанок меѓу Плачковица и Победа го доби Боби Величков од Велес.

Сите натпревари ќе стартуваат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!