РакометРакомет - Суперлига

Костадинов и Ристов потпишаа први професионални договори со Радовиш

Радовиш мисли на иднината, левиот бек Филип Костадинов и голманот Александар Ристов кој се родени 2004 потпишаа први професионални договори со првиот тим.

Двајцата ракометари од кадетскиот тим потекнуваат од школата на Радовиш. Претходно, екипата на Васко Василев се засили со голманот Мицев, пивотот Трајчевски, како и десниот бек Мехиќ.

Радовиш за новата сезона соработката ја продолжи и со радовишките ракометари Кристијан Ристов, Спасе Ѓорѓиев, Филип Трајанов, Александар Долдуров, Здравко Постолов и Александар Марков, како и Зоран Стојановски и Ангелче Органџиев.

Засега Дино Мехиќ е единственото странско засилување во редовите на Радовиш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!