Европски ФудбалФудбал

Короната коси во Реал Мадрид! Уште двајца заразени

Фудбалерите на Реал Мадрид, Иско и Давид Алаба се заразени со коронавирус, објави во вторникот „кралскиот клуб“.

Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ се соочува со големи проблеми поради бројните позитивни тестови за коронавирус. Во вторникот беше објавено дека Иско и Алаба се заразени. Ова се уште двајца играчи на кои тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета во наредниот период.

Минатата недела позитивни резултати добија Лука Модриќ, Родриго, Марко Асенсио, Герет Бејл, Марсело, Андриј Лунин. Иако подоцна беше објавено дека и Модриќ добил негативен тест, тој е надвор од тимот бидејќи не се чувствува добро.

Следниот натпревар Реал го игра во денес, а противник ќе биде Атлетик Билбао. Тоа ќе биде последен натпревар на „кралскиот клуб“ во 2021 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!