ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Коркоски ја реши Марена за голем триумф на Младост 1930

Екипата на Младост 1930 на домашен терен го доби дуелот со Марена совладувајќи ја со 2:1 во рамки на 14. коло од Третата фудбалска лига – Југ.
Домашниот тим до триумфот стигнат со двата погодоци на Мартин Коркоски, а победата добива на тежина бидејќи беше обезбедена преку пресврт и со гол во 92. минута. Домашниот тим прв дојде до водство уште во 15. минута со голот на Берхан Мемедов, но сепак дома се врати со празни раце.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Од 14. коло треба да бидат одиграни уште два натпревари кои се закажни за 4. мај. Големо Коњари ќе игра дерби пресметка со Вардар од Неготино, а пак Возарци ДМД ќе го пречека составот на Бучин каде ќе брка први бодови.