ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кораби слави во дербито со Новаци, високи победи за Влазними и Кравари

Денес беа одиграни натпреварите од седмата рунда од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Дербито на колото се играше во Дебар каде ланскиот второлигаш Кораби со минимални 1:0 славеше во дербито со лидерот Новаци. Стрелец на единствениот погодок кој падна во 55. минута беше Фатјон Леши.

Трите бодови за Кораби се повеќе од важни на патот кон баражот за Втора лига, бидејќи сега се искачи на второто место и има само три бода негатива во однос на лидерот Новаци.

Влазними на домашен терен со 4:2 триумфираше над Преспа и со тоа стигна до третото сезоснко славје. Ермонд Арслани беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ненад Влаќески и Ахмет Белули.

За гостите од Ресен погодоците ги постигнаа Филип Митревски и Христијан Кофчегарски, кои стрелаа во вториот дел од мечот.

Сатеска со минимални 1:0 ја доби Лирија од Грнчари со голот на Кипријан Петрески, кој падна во 30. минута од мечот.

Македонија од Враништа денес го впиша својот шести сезонски пораз, откако дома загуби и од Демир Хисар со 1:3. Домашниот тим прв стигна до водство со голот на Антонио Попоски постигна во 24. минута, а по две минути гира Јовче Талевски за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Аце Јанкуловски и Трајче Андрески постигнаа погодоци за конечните 1:3.

Кравари на домашен терен забележа убедлива победа од 5:1 над Иднина Боровец. Двојни стрелци за домашниот тим беа Темур Емини и Гани Халимоски, а еден гол постигна Антонио Грујовски. За гостите единствен стрелец беше Ѓурица Ристовски.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!