ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кораб запиша голем триумф и застана на врвот, Јанг Тим и Демир Хисар до три бода!

Иднина Боровец на домашен терен беше поразена од Јанг Тим во меч со пет погодоци (2:3) во рамки на 8. коло од Трета лига – Југозапад.

Гостинската екипа носи три големи бодови на крилата на Сеит Крека, кој постигна два погодоци, а пак третиот гол беше дело на Шпресим Муртезаи. За домашниот тим погодија Албан Дани и Фермин Бајрамоски.

Демир Хисар со сигурни 2:0 го доби Кравари на домашен терен со погодоците на Дарко Неделсковски и Александар Трпески.

Преспа во меч со седум погодоци на домашен терен ја доби Сатеска од Волино (4:3). За домашниот тим стрелци беа Мевлан Усеиноски, Нико Пластиновски, Леонид Мијак и Христијан Петрески. За гостите два пати погоди Никола Шекуткоски, а еднаш погоди Игор Терзиоски.

Ланскиот второлигаш Кораб на домашен терен го доби Влазними со 3:1 запишувајќи важен триумф на патот кон Втора лига. Гостите први стигнаа до водство со голот на Ермонд Арслани во 21. минута, а во 30. минута Бљерон Муча израмни на 1:1. Во вториот дел Бљерон со втор гол направи пресврт за 2:1, а пак Фатјон Леши ги постави конечни 3:1.

Мечот меѓу Лирија и Македонија од Враништа не се одигра, па екипата од Грнчари службено ќе добие три бода.

Кораб изби на врвот од табелата со 15 бодови, колку што има второпласираниот Новаци и третопласираниот Демир Хисар.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!