ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кораб претстави пет нови засилувања

Второлигашот Кораб за новата сезона од Втората лига – Запад претстави нови пет засилувања.

Нови имиња во клубот од Дебар се Александар Целески, Един Мерсовски, Фатмир Арифи, Аријан Есени и Аган Зибери. Од клубот за Спортска Мрежа потврдија дека во следниот период ќе бидат промовирани уште две до три засилувања.

Кораб минатата сезона одигра соилдно и заврши на петтото место на табелата со 36 освоени бодови.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!