ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кораб домаќин на лидерот Скопје, Охрид гостува кај Тетекс

Утре се игра 18. коло од Втората лига – Запад, последно коло од вториот круг, по што следува ждрепка за третиот круг.

Во Дебар, Кораб го чека лидерот на табелата, екипата на Скопје. Домаќинот ќе бара позитивен резултат со цел прекин на мини серијата од два порази, додека Скопје доаѓа со мотив за победа и чекор напред кон враќање во Првата лига.

Охрид ќе гостува во Тетово каде ќе ги одмери силите со домаќинот Тетекс. Охриѓани играат фантастична сезона, па иако на гостиски терен, според формата и квалитетот ќе важат за фаворити против тетовската екипа која води борба за опстанок во второлигашкото друштво.

Гостивар на домашен терен ќе се соочи со екипата на Кадино. Домаќинот ќе биде фаворит на утрешниот натпревар кој атакува на победа и три бодови со цел да остане во сериозна трка за првото место кое води кон ПМФЛ.

Дрита на домашен терен ќе има дуел со екипата на Велазерими. Домаќинот е на претпоследното место на табелата, па на утрешниот натпревар ќе истрча со притисок за победа, со цел за сигурен опстанок во Втората лига – Исток, додека од друга страна Велазерими доаѓа со цел враќање на победите.

Екипата на Велешта ќе биде слободна, бидејќи требаше да игра против Вардар Форино, екипа која ФФМ ја исфрли од натпреварување.

Табелата од Втората лига – Запад можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари стартуваат во 14:00 часот, а дел од натпреварите ќе се емитуваат во ЖИВО и на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од ФФМ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!