
Денес во Тетово беше отворено 19. коло од Втората футсал лига кое донесе убедлив триумф на Конзули од 1:6 над СЕЕ Университи.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Владимир Митревски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Муса Веизовски, Вељан Пејовски и Марјан Јовановски. За домашната екипа погодокот го постигна Ветон Чауши.
Утре пак ќе бидат одиграни уште два натпревари и тоа во Штип каде во 17:30 ќе се одигра градската пресметка меѓу Мај Ајакс и Астибо. Екипата на Астибо ќе важи за фаворит на овој меч. Правдата на градската пресметка во Штип ќе ја делат Кирил Смоквоски од Прилеп и Александар Ајдаров од Велес.
Во 20:00 часот пак „фенерџијата“ Кардшлк на домашен терен ќе се соочи со големиот фаворит Клими од Кавадарци. Правдата на овој меч ќе ја делат Музафер Исмаили од Боговиње и Никола Костенчев од Скопје.
Прекрасен вкус на ф’стаци + Ванила мокачино = совршенство – Steve’s Coffee House Охрид
Колото ќе биде затворено во недела со супер-дербито во Липково меѓу лидерот Кеги Моби и Форца. Двете екипи се пред обезбедување на промоција во Првата лига. Натпреварот се игра со почеток во 20:00 часот. Правдата ќе ја делат Марјан Младеновски и Дејан Димитријевиќ од Скопје.