
Дебитантот Конзули продолжува со позитивните резултати во Втората футсал лига на Македонија, откако вечерва среде Штип со убедливи 2:5 триумфираше над Мал Ајакс.
Битолчани се пробија на врвот од табелата со 21 бод и барем до утре ќе преноќат како лидер на табелата и ќе ги чекаат исходите од мечевите меѓу Овче Поле – Кеги Моби и Форца – Астибо, со што ќе го имаме конечниот расплет на табелата во есенската полусезона, а со тоа и есенскиот првак.
Резултатот го отвори Антонио Стојковски во 20. минута од мечот за водство на гостите од 0:1. Голгетерот Стефан Стефановски со два погодоци во 25. и 29. минута ја донесе својата екипа во предност од 0:3.
Штипјани преку капитенот Стефан Штрков намалија на 1:3 во 35. минута од мечот, а потоа Христијан Ристевски погоди за водство од 1:4 на Конзули. Во 38. минута Љубомир Тиквешанец намали на 2:4, а во последни секудни од мечот Мартин Кузманов ги постави конечни 2:5 за голем триумф на Конзули во Битола и три златни бодови.