
Конзули го доби дербито против Астибо во Штип со 6:8 и останува на вротото место на табелата во Втората футсал лига на Македонија. Гостите од Битола можеа да ги закомплицираат работите бидејќи си постигнаа два автоголови.
Битолчани до триумфот стигнаа со шестте погодоците на расположениот Вељан Пејовски, кој си постигна и еден автогол. По еден гол постигнаа Стефан Стефановски и Кристиан Симиќ, а автогол си даде и Христијан Ристевски. За штипјани двојни стрелци беаа Иван Стојчев и Петар Левков. Во финишот од натпреварот Марјан Зашков заработи втор жолт картон поради неспортско однесување и беше исклучен од игра.

Клими на домашен терен во Кавадарци со убедливи 7:1 ја збриша Велешта која имаше сили само за еден гол во финишот од мечот. Гостинската екипа во Кавадарци пристигна со седум играчи, па тоа значително влијаеше врз играта.
Мартин Никовиќ стигна до хет-трик „Јасмин“, двоен стреле беше капитенот Виктор Аризанов, а по еден гол постигнаа Дане Митрев и Ѓорѓи Шишков. За гостинската екипа стрелец на единствениот гол беше Аљбрим Положани.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата меѓу Црешево Топче и Форца во Пробитош. Колото беше отворено во четвртокот со убедливиот триумф на Мал Ајакс над СФК Проект во Валандово. Вчера, Овче Поле со 2:9 го прегази Кардшлк во Штип, а пак Кеги Моби дома го наполни од врв СЕЕ Университи од Тетово.