ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Контролка во Берово меѓу Малеш и Карбинци

За во недела на Градскиот стадион во Берово е закажан контролен натпревар меѓу третолигашите Малеш и Карбинци. Двете екипи интензивно се подготвуваат за новата сезона од Третата лига – Исток, која би требало да стартува во септември.

Малеш минатата сезона беше еден од конкурентите за повисок ранг, меѓутоа не ја исполни таа цел, бидејќи како шампион заврши радовишки Детонит и со тоа стана член на Втората лига – Исток. Во новата сезона беровскиот третолигаш повторно ќе важи за еден од фаворитите за врвот на табелата, но за истата високи амбиции најавува и Карбинци кој ќе атакува по историски пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Контролниот меч ќе стартува во 17:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!