ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Контролен натпревар меѓу Локомотива и Слога Виница во Градско

Денес новиот второлигаш Локомотива ќе одигра контролен натпревар против Слога од Виница на фудбалскиот терен во Градско. Квалитетен тест за Локомотива против екипа која минатата сезона одигра солидна сезона и заврши на високото четврто место на табелата во Втората лига – Исток.

Двете екипи интензивно се подготвуваат за новата сезона под водство на нови тренери. Локомотива во деби сезоната во ВМФЛ – Исток ќе биде предводена од новиот тренер Диме Тодоровски, а досегашниот тренер Сашко Пановски останува и понатаму во стручниот штаб, додека нов кормилар на Слога ќе биде Никола Кузманов.

Натпреварот е закажан за во 17:30 часот.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!