Европски ФудбалФудбал

Конте за враќањето во Серија А: „Можеби еден ден“

Италијанскиот стручњак и тренер на Тотенхем, Антонио Конте најави дека во иднина би можел да се врати во Серија А.

Конте минатата сезона ја освои титулата со Интер, прекинувајќи ја деветгодишната доминација на Јувентус. Но, тој го напушти клубот од Милано летото.

„Среќен сум за резултатите што ги бележи Интер оваа сезона. Можам само да ги пофалам“, изјави Конте.

„Поставени се темелите за клубот да остане на врвот уште многу години. Сега останува на другите да се обидат да го стигнат.“

Запрашан дали може да се врати во Серија А во иднина, италијанскиот стручњак низ смеа одговори:

„Можеби еден ден, повторно да го нарушиме воспоставениот поредок.“

Интер моментално е прв во Серија А со четири бода повеќе од првиот ривал Милан.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!