Конте објави лоша вест: Ромеро нема да се врати до 2022 година

Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ги заврши настапите за оваа година поради повреда на задната ложа, откри менаџерот на Спарс, Антонио Конте.
Аргентинецот се повреди додека играше за репрезентацијата против Бразил во ноемврискиот квалификациски циклус за Светското првенство во Катар 2022 година. Според Конте, тој нема брзо да се врати на терените.
„Вестите не се добри. Повредата е сериозна. Ќе му треба време за да се врати во тимот. Не пред следната година. Ќе ја анализираме ситуацијата од недела во недела, но потребно е подолг период за да бидеме целосно подготвени. Можеби сметаме на него во јануари, можеби дури во февруари“, истакна Италијанецот.
Ромеро (23) минатото лето пристигна во Тотенхем од Аталанта на позајмица, со можност за откуп на крајот од сезоната. Во меѓувреме одигра 13 натпревари за Спарс.