Европски ФудбалФудбал

Конте не го гледа како еден од клучните играчи: Тотенхем е подготвен да продаде играч од средниот ред

Деле Али би можел да го напушти Тотенхем во јануарскиот преоден рок, а Спарс се подготвени да ги ислушаат понудите за овој играч од средниот ред.

Антонио Конте не го гледа Али како еден од клучните играчи на тимот за продолжението на сезоната и е подготвен да го пушти во друг клуб.

Во текот на летото за него се интересираше Пари Сен Жермен кој сакаше да го донесе на позајмица, а Тотенхем ги одби понудите, но тоа може да се промени.

Веќе кај Нуно Еспирито Санто, Али имаше нешто помала минутажа, а таа целосно беше намалена со доаѓањето на Конте на клупата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!