ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

КОНЕЧНО: Закажана средба меѓу раководството на Третата лига – Исток со претставници на клубовите!

Конечно е закажана средба односно состанок меѓу раководството на Третата лига – Исток и претставници на клубовите за утре во Струмица.

Како што дознава Спортска Мрежа, ќе се дискутира околу стартот на новата сезона, но главна тема ќе биде котизацијата и задолжителното тестирање на играчите пред секој натпревар (оние кои не се вакцинирани).

Спортска Мрежа веќе ексклузивно најави дека третолигашите од Истокот се единствени и дека нема да платат котизација, по цена и да не почне новата сезона во Третата лига – Исток. Котизацијата изнесува 200.000 денари, односно 100.000 во есенскиот дел и 100.000 денари во пролетниот дел. Претходно беше најавен состанок кој беше договорен самоиницијативно меѓу претседателите на клубовите за 15 септември во Штип, вест којашто исто така ексклузивно беше објавена на Спортска Мрежа, а неколку часа подоцна, откако беше објавена веста, стигна известување дека раководството на Третата лига – Исток закажало состанок со претставинците на клубови каде ќе се дискутира на повеќе теми. Ставот на третолигашите од Истокот на утрешниот состанок ќе биде дека нема да плаќаат котизација и дека ќе се бара начин сезоната да се почне без да се плаќа котизација, како што беше и минатата, дознава Спортска Мрежа.

Исто така, еден од посериозните проблеми е и тестирањето на сите невакцинирани играчи пред секој натпревар, дополнителен сериозен трошок кој третолигашите не можат да го поднесат.

Неколку информации кои кружат во фудбалските кругови на Истокот е дека има предлог сезоната да започне пролетта 2022 година и цела сезона да се одигра само во пролетниот дел.

Состанокот е закажан за во 18:30 часот, а Спортска Мрежа ексклузивно ќе пренесе што ќе биде одлучено штом заврши истиот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!