Европски ФудбалФудбал

КОНЕЧНО: Манчестер Јунајтед ја носи ѕвездата на Дортмунд за 90 милиони евра!

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд ги договорија сите детали за трансферот на Џејдон Санчо, пишува „Дејли Меил“.

Минатото лето Јунајтед го посакуваше англискиот репрезентативец, но тој ја одложи понудата, за потоа Германците да му кажат дека нема да има ништо со овој трансфер. Тогаш Борусија побара 120 милиони евра, но во овој преоден рок поради глобалната криза ја намали цената.

Според англиските медиуми, Јунајтед ќе плати 85 милиони евра за 21-годишникот и уште пет милиони преку бонуси, со што вкупната сума на трансферот се искачува на 90 милиони.

“Преговорите траат со недели, но сега се е готово. Јунајтед може да објави овој викенд дека Санчо доаѓа на „Олд Трафорд“ по завршувањето на Европското првенство“, пишува „Дејли Меил“.

Џејдон Санчо пристигна во Борусија летото 2017 година како 17-годишник од Манчестер Сити за само осум милиони евра. Одигра 137 натпревари за Борусија и постигна 50 погодоци и забележа 64 асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!