Европски ФудбалФудбал

Коман сака да замине во Англија, Баерн не е загрижен

Баерн Минхен му понуди нов договор на Кингсли Коман. Францускиот напаѓач засега не е подготвен да го потпише тоа.

Според „Скај“, Коман побарал значително зголемување на платата. Тој сака да биде на ниво на Лирој Сане, кој пристигна во Минхен минатата година. Французинот смета дека е потценет и дека заслужува поголем приход отколку што има.

Исто така, Коман не ја крие желбата да се испроба во Премиер лигата. Тој е во Баерн од 2015 година и сега сака да ја промени средината.

Сепак, „баварците“ не се загрижени за одбивањето на Коман. Договорот со брзиот Французин истекува дури во 2023 година, така што раководството на Баерн може да чека, бидејќи сè е во нивни раце.

„Ние сме целосно опуштени. Ние секако нема да ја зголемиме понудата. Ако тој не прифати, ние мора да се држиме до понуденото. Не сакавме да го изгубиме Алаба, но бевме немоќни затоа што неговиот договор истече. Во овој случај, не брзаме. Кој знае што може да се случи во следните две години, колку што останува на Коман од сегашниот договор“, рече Ули Хенес, претседателот на Баерн.

Најсветлиот момент во кариерата на Коман во Баерн е голот во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против ПСЖ, што ги донесе „баварците“ до титулата во елитното европско натпреварување.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!