ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Колумбиецот со македонски пасош, Александер Кордоба се приклучи на подготовките на Кит Го (ФОТО)

Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба треба да биде повеќе од сериозно засилување за Кит Го за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

Кордоба изминатава есен настапуваше во редовите на велешки Борец, а претходно во македонскиот шампионат има настапи и за Работнички, Македонија ЃП и Пелистер.

22-годишниот Кордоба, кој игра на дефанзивните позиции, веќе се приклучи на подготовките на тимот на Емил Грнев.

Фудбалерите на Кит Го од четврток подготовките ќе ги реализираат во својата база во Пехчево. Во сабота (6. февруари) е закажан пријателскиот натпревар со Осогово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!