
Вечерва со дуелот меѓу Мал Ајакс и СЕЕ Университи во Штип се отвара 21. коло од Втората футсал лига на Македонија. Правдата на овој меч ќе ја делат Александар Крстевски од Битола и Кирил Смоквоски од Прилеп, а стартот е закажан за во 19:45 часот.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
В сабота дерби меч ќе биде одигран во Свети Николе каде ќе се судрат Овче Поле и Астибо. Трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи за што подобар пласман на табелата. Мечот е закажан за во 19:00 часот во Спортската сала „Цар Самоил“, а правдата ќе ја делат Музафер Исмаили и Славче Шоповски.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник. Црешово Топче на домашен терен ќе игра против фаворитот Клими од Кавадарци. Мечот во Пробиштип е закажан за во 18:00 часот, а правдата ќе ја дели Игор Иванов и Александар Ајдаров од Велес.
Два часа подоцна односно во 20 часот ќе се соочат Форца и Конзули од Битола. Илија Гонев и Миле Лазов од Неготино ќе ја делат правдата.