ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кој ќе игра бараж за Прва лига, Охрид или Велешта !?

Останува уште едно коло со што ќе биде затворена сезоната од Втората лига – Запад. Битката за второто место и баражот за Прва лига меѓу Охрид и Велешта ќе трае до последна минута.

Охриѓани ќе гостуваат во Тетово кај Тетекс, додека Велешта ќе има потешко гостување во Автокоманда кај новиот прволигаш Скопје. Во случај на реми или пораз и на двете екипи тогаш Охрид ќе остане на второто место и ќе игра бараж за ПМФЛ.

За Велешта да го обезбеди второто место, а со тоа и баражот, најпрво ќе мора да победи во Автокоманда, а потоа и да се надева на „кикс“ на Охрид.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!