Европски ФудбалФудбал

Кој би можел да го наследи Куман: Пет кандидати во игра за клупата на Барселона

Продолжуваат турбуленциите во Барселона. Сега, холандскиот тренер Роналд Куман треба да ги напушти редовите на разнишаниот каталонски гигант.

Тој одамна ја нема поддршката од фановите, медиумите или претседателот Жоан Лапорте, и се чини дека домашното реми против Гранада (1:1) е капка во кофата. Наводно, Барселона веќе направила список со пет имиња на потенцијални наследници на холандскиот стручњак.

Според шпанските медиуми кои ја пренесуваат веста за списокот со тренерите, во која се опфатени Чави Ернандес, Андреа Пирло, Антонио Конте, Јоаким Лев и Филип Коку. Тие го фаворизираат Чави кој е играчка легенда на клубот. Сепак, тој е единствениот тренер на листата кој има клуб. Некогашниот одличен играч за врска го предводи катарски Ал Сад, додека Пирло, Конте и Лев се без работа од почетокот на сезоната.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!