ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кои третолигаши одиграа најдобра есенска полусезона ? Кои имаат шанси за Втора лига ?

Во Трета лига – Исток есенски шампион е Брегалница од Делчево со 28 освоени бодови. Покрај екипата од Делчево во трка за прво место и влез во Втора лига – Исток се уште четири екипи. Второпласираниот Детонит кој има 26 бодови, третопласираниот Овче Поле со 24 бодови, како Малеш и Хоризонт Турново кои се на делба на четвртата позиција со по 22 освоени бодови.

Пролетните возбудувања ќе бидат големи, бидејќи сите пет екипи имаат големи шанси за влез во Втора лига – Исток.

Табелата од Трета лига – Исток можете да ја погледнете ОВДЕ.

Трета лига – Југ: Напредок Крушеани – Локомотива Градско

Трета лига – Југ можеби ќе биде највозбудлива и атрактивна за следење во пролетната полусезона. Локомотива од Градско со 28 бодови е есенски шампион, а ист број на бодови има и второпласираната екипа на Ново Црнилиште, по еден бод помалку имаат Превалец и Напредок Крушеани кои ја делат третата позиција. Во игра за прво место и враќање во Втората лига – Исток се и Обршани кој е петти на табелата со 21 бод, како и шесттопласираниот Вардар од Неготино кој има 19 бодови.

Со мали шанси за изненадување е седмопласираниот Братство 07 кој има десет бода помалку од лидерот Локомотива.

Локомотива најавува неколку засилувања за пролетниот дел од сезоната со цел да го задржи првото место и да обезбеди промоција во Втора лига – Исток. Од Вардар Неготино има најава за 5 до 6 квалитетни засилувања со цел да може во пролетниот дел од сезоната екипата да фати ритам и да ја оствари својата единствена цел – враќање во Втора лига – Исток.

Сите екипи најавуваат голема борба и атак на првата позиција и обезбедување Втора лига – Исток, што нуди атрактивна пролетна полусезона. Поголем дел од овие екипи обезбедуваат и преноси во живо од натпревари на социјални мрежи што е можност плус да се ужива во пролетните предизвици во Трета лига – Југ.

Табелата од Трета лига – Југ можете да ја погледнете ОВДЕ.

Трета лига – Запад: Аресими – Нераште

Есенски шампион во Трета лига – Запад е екипата на Беса која има 25 освоени бодови и која се наметнува како најголем фаворит за Втора лига – Запад. Покрај есенскиот шампион, со шанси за второ место е и второпласираниот Аресими кој има 21 бод, како и третопласираната Речица која има 19 бодови.

Трите екипи ќе водат голема борба до последен натпревар за остварување на целта – прво место во лигата.

Табелата од Трета лига – Запад можете да ја погледнете ОВДЕ.

Трета лига – Југозапад: Караорман – Белица

Во Третата лига – Југозапад најголеми кандидати за прво место и Втора лига – Запад се екипите на Воска и Караорман. Охриѓани се есенски шампиони со 29 освоени бодови, додека стружани со бод помалку се на второто место на табелата, па јасно е дека овие две екипи ќе водат голема борба до последното коло.

Со шанси за изненадување е и третопласираниот Новаци кој е трети на табелата со 22 бодови, колку што има и четвртопласираниот Кравари. Одлична есен одигра и Црно Буки кој со 21 бод презимува на петтото место на табелата, па во пролетната полусезона може да ги „помрсни сметките“ за прво место.

Табелата од Трета лига – Југозапад можете да ја погледнете ОВДЕ.

Трета лига – Север: Фортуна – Аеродром

Интересна пролетна полусезона ќе има и во Трета лига – Север. Овде есенски шампион е Беса Влазрими која има 24 бодови, а во игра за првото место и обезбедување Втора лига – Запад се и Студена Вода која е втора со 22 бодови, третопласираната Фортуна која има 21 бод, Њу Старс кој е четврти со 19 бодови, како и Маџари Солидарност кој е петти со 18 бодови.

Табела од Трета лига – Север можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!