Кои екипи од Трета лига – Запад имаат шанси за Втора лига ?

Беса Добри Дол е есенски шампион во Трета лига – Запад со 25 освоени бодови и воедно е единствената екипа која нема пораз во есенскиот дел. Клубот има големи амбиции и атакува на Втора лига – Запад, па засега е на добар пат во остварувањето на својата цел.
Со реални шанси за првата позиција се уште две екипи. Второпласираниот Аресими и третопласираната Речица. Аресими собра 21 бод и има четири помалку од есенскиот шампион, па во пролетниот дел ќе го нападне првото место со цел да ја оствари амбицијата – влез во Втората лига – Запад. Шанси за прво место има и Речица која во есенскиот дел собра 19 бодови и има шест помалку од лидерот Беса.
Од Трета лига – Запад испаѓа една екипа, а во моментот во опасната зона е екипата на Пролетер која се уште е без бодови.