Кои екипи од Трета лига – Север имаат најголеми шанси за Втора лига – Запад ?

Беса Влазрими во Трета лига – Север со 24 бодови е есенски шампион. Во трка за првото место се неколку екипи, кои имаат и големи амбиции за Втора лига – Запад.
Покрај есенскиот шампион Беса Влазрими, со големи шанси за прво место и Втора лига – Запад се и екипите на Студена Вода и Фортуна. Студена Вода е второпласирана со два бода помалку од есенскиот шампион, додека третопласираната Фортуна има 21 бод или три помалку од првото место.
Со шанси за прво место и можност за изненадување е и четвртопласираниот Њу Старс кој има 19 бодови, како и Маџари Солидарност кој е петти на табелата со 18 бодови.
Овие пет екипи ќе атакуваат на првото место и обезбедување на промоција во Втора лига – Запад.
Во интервју за Спортска Мрежа од Беса Влазрими велат дека ќе продолжат со ист ритам и во пролетниот дел, костурот на екипата ќе биде сочуван и надополнет со Османи.
Трета лига – Север ја напуштат три екипи, па ќе има атрактивни натпревари и од дното на табелата во обид за спас и опстанок. Речица и Волково се на долниот дел со по 3 освоени бодови, а во опасната зона е и екипата на Илинден со 5 бодови.