ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кои екипи од Трета лига – Југ имаат шанси за Втора лига ?

Локомотива од Градско е есенскиот шампион во Третата лига – Југ, екипата со 28 бодови е на лидерското место, а ист број на бодови има и второпласираниот Ново Црнилиште.

Покрај овие две екипи со големи шанси за посакуваното прво место и пласман во Втора лига – Исток се екипи на Превалец и Напредок Крушеани кои имаат по 27 освоени бодови. Велешани после минималната победа од 1:0 над Напредок направија прогрес кон врвот и во пролетниот дел од сезоната ќе не’ очекува атрактивен фудбал и голема борба за првата позиција.

Обршани е петти на табелата со 21 освоен бод, а најтешка задача ќе има Вардар Неготино кој есенскиот дел од сезоната го заврши на шестото место со 19 бодови, што значи дека во пролетниот дел ги очекува многу работа доколку сакат да ја остварат својата цел.

Екипата на Братство после поразот од Локомотива падна на седмото место на табелата со 18 бодови, што за нив остварувањето на целта за Втора лига ќе биде најтешка, а тоа го потврди и самиот капитенот Алиоски пред дербито со Локомотива.

На долниот дел од табелата ќе се боди тешка битка за опстанок. Најголемо есенско разочарување дефинитивно е ланскиот второлигаш Питу Гули, кој годинава игра очајно и на 12 одиграни натпревари запиша две победи, две ремија и дури осум пораз, и со осум освоени бодови е на 13. место на табелата.

ТМФЛ Југ – Табела

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
12116326313+5051
22214445224+2846
32114166433+3143
42111555125+2638
52012265026+2438
62111195730+2734
7228583537-229
82173124373-3023
92164112350-2722
102164113464-3022
112062123143-1220
122262143165-3420
131954103055-2519
14219394939+1015
151412111348-352
1600000000

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!