ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кои екипи обезбедуваат влез од Трета во Втора лига, кои екипи испаѓаат од Трета лига

Третата лига во моментот е во прекин на неодредено време и сѐ уште нема официјални информации кога би продолжила.

Влез во Втора лига – Исток обезбедува првопласираната екипа од Трета лига – Југ и Трета лига – Исток. Прваците од ТМФЛ – Исток и ТМФЛ – Југ директно влегуваат во Втора лига – Исток.

Влез во Втора лига – Запад обезбедуват двете подобро пласирани/рангирани екипи по одиграни бараж натпревари помеѓу прваците на Трета лига – Север, Трета лига – Запад и Трета Лига – Југозапад. Од трите прваци само два ќе обезбедат влез во второлигашката западна конкуренција.

Во однос на испаѓање бројот на екипи кои ќе ја напуштат Третата лига од регион во регион е различен. Во Трета лига која брои до 12 екипи директно испаѓаат двете последно пласирани/рангирани екипи на конечната табела.

Во Трета лига која брои до 16 екипи директно испаѓаат трите последно пласирани/рангирани екипи на конечната табела.

Екипите пласирани на наредните повисоки позиции од наведените погоре испаѓаат во зависност од територијалната припадност на екипите кои испаѓаат од Втората лига која ја пополнуваат.

Екипите кои се откажале или се дисквалификувани од натпреварувањето можат да го зголемат бројот на екипи кои испаѓаат од Третите лиги.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!