ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кочоски и Бакулески остануваат верни на Охрид

Охрид Лихнидос работи на градењето на екипата за новата сезона во Втората лига – Запад. Клубот денес информираше дека е продолжена соработката со капитените Ромео Кочоски и Александар Бакулески кои и во следната сезона ќе го носат дресот на охридскиот второлигаш.

Претходно, Охрид ги промовираше Клечкароски, Адили, Шопоски, а ја продолжи соработката со Цуцули, Трпески и Симоновски.

Охрид минатата сезона заврши на второто место на табелата во Втората лига – Запад и играше бараж со Ренова за влез во ПМФЛ, но во пенал-рулетот „гипсарите“ имаа повеќе среќа и го задржаат прволигашкиот статус.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!