ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Кочо Анѓушев најави повлекување од Борец, „Гемиџии“ бараат да остане во клубот

Навивачката група „Гемиџии“ преку соопштение изразија поддршка за првиот човек на велешки Борец, Кочо Анѓушев, откако на последното собрание на ОФС Велес најави можно повлекување од прволигашот.

Денес навивачката група му даде поддршка на бизнисменот и побара тој да остане и понатаму во клубот, да продолжи со инвестирањето и тој да биде единствената светла точка во велешкиот фудбал.

Целосното соопштение на „Гемиџии“:

Следејќи ги случувањата и настаните во врска со последното годишно собрание на ОФС Велес како и незадоволството на главниот финансиер на ФК БОРЕЦ, не можеме да премолчиме и да не заземеме став. НГ ГЕМИЏИИ е емоционално и фактички нераскинлив дел од ФК БОРЕЦ.Ние како група застануваме во ПОДДРШКА на Г-дин Кочо Анѓушев бидејќи сметаме дека тој е единствената светла точка за фудбалот во градот во последниве неколку години, тој е единствениот човек кој се одважи и застана со сити свои сили и сретства да го превземе клубот и да не направи горди на резултатите и настапите во македонското фудбалско првенство, од најнизок ранг па се до елитата постигнувајќи одлични резултати. Самите ние сме сведоци на многуте неспортски и нефудбалски настани кои во изминатиов период му беа нанесувани на ФК БОРЕЦ, сомнителните судски одлуки и случувања беа игнорирани од страна на Фудбалската Федерација на Македонија, не сакаме ни да помислиме дека се работи за тенденција на внатрешни договори и одлуки кои челниците сами си ги кројат зад затворени врати. Фудбалот не е политика, фудбалот не е приватна сопственост на никого, фудбалот е на публиката, фудбалот е на спортските работници.За тоа апелираме до Г-дин Анѓушев да ги преиспита своите одлуки и да ОСТАНЕ во ФК БОРЕЦ, ние како група но и неоткинлив дел од БОРЕЦ му стоиме на располагање во било кој дел за борбата против Мафијата во ФФМ.БОРЕЦ Е ВЕЛЕС!!!БОРЕЦ СМЕ НИЕ!!!БОРЕЦ Е ТРАДИЦИЈА И ИСТОРИЈА!!!

Анѓушев е главен синансиер во Борец скоро пет години. Клубот есенската полусезона ја заврши на делба на петтото место на табелата во ПМФЛ со 25 освоени бодови.

Кочо Анѓушев – обраќање на Изборно Собрание на ОФС Велес.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!