ОстанатоФудбалФутсал

КМФ Проект: „Екипен трансфер“ на цела екипа од КМФ Шкупи во КМФ Арбен Бајрами, со цел спречување на одбрана на титулата на КМФ Проект

Актуелниот футсал шампион Проект во претходното коло со 3:1 триумфираше над Шкупи и се врати на лидерската позиција на табелата во Првата футсал лига на Македонија. Во следното коло Проект ќе гостува кај Арбен Бајрами, а од актуелниот шампион преку соопштение информираат дека се подготвува „екипен трансфер“ на цела екипа од Шкупи во Арбен Бајрами токму пред дуелот од 14. коло меѓу Арбен Бајрами и Проект.

Во продолжение целосното соопштение на КМФ Проект:

„По повод веќе потврдените индиции со информации за подготовка на некаков „екипен трансфер“ на цела екипа од КМФ „Шкупи“ во КМФ „Арбен Бајрами“, а во пресрет на 14 коло од футсал прволигашкото првенство каде за ривал го имаме токму КМФ „Арбен Бајрами“, синоќа и денес раководството на КМФ Проект одржува состанок, после кој ќе ја известиме спортската јавност за сите нерегуларности и невиден преседан во Мак-фудбалот што се подготвува, исклучиво со цел КМФ „Шкупи“ да го спречи нашиот клуб да ја одбрани титулата шампион! Дали оваа фарса ќе ја дозволи ФФМ, останува да видиме! Со конкретни додатни информации и донесените одлуки ќе ве известиме во текот на денот.“

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Актуелниот шампион Проект е лидер на табелата со 36 бодови колку што има и Шкупи, додека пак Арбен Бајрами е трет на табелата со 24 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!