Европски ФудбалФудбал

Клуб од српската Супер лига го смени тренерот по првиот работен ден!

Тренерите се навикнати секогаш да имаат спакуван куфер покрај креветот, со оглед на природата на нивната работа. Ниту, резултатите не се гаранција за останување на клупата.

Сепак, ваквиот епилог е веројатно незабележан во светот, барем кога станува збор за елитните лиги. Фактот дека тоа не се случува во други земји не значи дека нема да се случи во Србија.

Според „Спорт клуб“, управата на Колубара го смени тренерот Драган Радојичиќ по првиот работен ден. Поточно, само еден час по промотивната прес-конференција, што се одржа во средата вечерта!

„Нашите амбиции се совпаднаа, веќе се ангажирани засилувања и сакам повеќе од борба за опстанок. Јас сум човек на теренот, работник, не ми се допаѓа многу зборување и затоа ветувам дека ќе сториме се за Лазаревац да игра забележителна улога во неговото деби годинава во Супер лигата. Очекувам исто и од фудбалерите – да бидат воини и да размислуваат за првиот следен предизвик“ рече, меѓу другото, Драган Радојичиќ пред првиот собир на стадионот во Лазаревац.

Како тренер на клубот повеќе ништо не соопшти, бидејќи се најде на списокот за откази. Одлуката за смената ја објави Драгиша Урошевиќ, спортскиот директор на Колубара.

Подготовките за сезоната во Супер лигата Колубара ги започна денес.

Инаку, Колубара минатата сезона заврши на второто место во Првата српска лига и обезбеди влез во Супер лигата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!