Европски ФудбалФудбал

Клоп: Загрижени сме, доаѓаат тешки времиња за Ливерпул

Германскиот стратег Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим е пред многу тешка задача во продолжението од натпреварувањето.

Имено, познато е дека англиските клубови не знаат за пауза во декември, а распоредот е особено густ по Божиќ. Така Ливерпул годинава ќе одигра дури девет натпревари за еден месец, а Германецот смета дека толку згуснатиот распоред е чиста лудост.

„Навикнати сме на напорен распоред. Ќе видиме што ќе се случи кон средината на декември или крајот на месецот, но полемиката околу тоа продолжува. Ова е лудило. Отсекогаш било лудило и ќе биде лудило. Во ред е додека не дојде Божиќ. Ова е традиција, разбирам се, но на крајот на декември доаѓаат тешки времиња“, изјави загрижениот Клоп.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!