Европски ФудбалФудбал
Клоп видно гневен: Ако продолжиме да играме вака, нема шанси да го стигнеме Сити

Ливерпул вчера загуби со 1-0 на гостувањето кај Лестер Сити во англиската Премиер лига, а единствениот гол на натпреварот го постигна Адемола Лукман.
Мохамед Салах остана трагичар на овој меч бидејќи промаши пенал во раната фаза од натпреварот, но Јирген Клоп и понатаму тврди по мечот – никој не бил доволно добар.
„Не планиравме да дозволиме Лестер да игра како што играше денес. Ако продолжиме вака, нема шанси да го фатиме Манчестер Сити на врвот“, рече Клоп и додаде:
„Поразот е пораз. Мораме да извлечеме поуки од него. Првото нешто е дека никогаш повеќе не смееме да играме како денес. Го загубивме ритамот и не бевме доволно мирни да го вратиме. Тоа е само наша вина. Не ми се допадна начинот на кој игравме, едноставно не бевме свои“.