Европски ФудбалФудбал

Клоп: Нема да се извинувам за мојот став за вакцината против Ковид-19

На почетокот на неделата, Јирген Клоп повтори дека вакцинацијата е најдобриот начин за надминување на коронавирусот. Менаџерот на Ливерпул поради таквиот однос доби навреди кои неколкупати јавно ги кажа, но вели дека ќе остане на зборот.

Претходно Клоп направи паралела меѓу вакцинацијата и возењето во пијана состојба. Тој потоа рече дека човек не треба да вози под дејство на алкохол бидејќи тоа може да им нанесе повеќе штета на другите отколку на себе, а додаде дека вакцинацијата против коронавирус функционира на истиот принцип. Неодамна го повтори својот став, а испаѓа дека и Клоп мора да се брани бидејќи многумина го напаѓаат поради тоа.

„Нема да се извинувам за мојот однос кон вакцинацијата, колку и да е непопуларно во некои делови од општеството. Приватно сум ист како јавно во тој поглед. Кога ќе наидам на пријател или луѓе за кои се грижам во животот и ми кажат дека не ја примиле вакцината, се обидувам да ги охрабрам да ги слушаат експертите. Никогаш не велам дека треба да ме слушаат мене, туку луѓето што знаат“, изјави менаџерот на Ливерпул по победата над Њукасл Јунајтед.

„Игнорирајте ги оние кои се прават дека знаат се. Игнорирајте ги лагите и неточните информации. Слушајте ги луѓето кои најдобро знаат. Ако го знаеш тоа, тогаш ќе добиеш вакцина и бустер. Фактот што некои ме навредуваат со пораки да се држам до фудбалот ја промашува поентата. Да, целиот мој живот го поминав во фудбалот. Мојот став за вакцинацијата не е моја имагинација. Ги слушам експертите. Луѓе кои се попаметни од мене, кои сакаат да го спасат општеството правејќи вакцини. Благословени сме што имаме пристап до тоа“, рече Клоп.

Ливерпул сега треба да игра со Тотенхем и Лестер, а дуелот на двата тима во Премиер лигата е одложен. Корона има и во Ливерпул, но тоа засега не ги нарушува активностите на првиот тим. Клоп рече дека повеќето луѓе во клубот се вакцинирани бидејќи им веруваат на оние кои знаат. Тој рече дека вакцинацијата е прашање на солидарност, лојалност и единство.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!