Европски ФудбалФудбал

Клоп најде замена за Вијналдум кај Мурињо

Жоржињо Вијналдум реши да ја промени средината по пет години на „Енфилд“. Иако беше на чекор од Барселона, во последен момент пристигна понуда од Париз и капитенот на холандската репрезентација неодамна стана нов играч на ПСЖ.

Јирген Клоп затоа има огромна потреба од нов играч за врска, а негов прв „пик“, според странските медиуми, е Лоренцо Пелегрини, кој има уште една година договор со „волчицата“. Барселона и Тотенхем се заинтересирани за овој централен играч за врска, кој пристигна во Рим летото 2017 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 40 милиони евра.

Пелегрини требаше да биде дел од одличната италијанска репрезентација, која доминира на ЕВРО 2020, но поради повреда Роберто Манчини не го вклучи во списокот на патници. Пелегрини очигледно летово ќе ја напушти Рома, која, пак, ќе ја преземе славниот тренер Жозе Мурињо.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!